Opis proizvoda
Брзосушечка подлога за метал
Заштита на челични конструкции, земјоделски и градежни машини, каросерии на автомобили итн. Се користи како основна боја за нанесување брзосушечки и синтетички емајли и како независен премаз. Бојата е лесна за работа и се суши многу брзо. Премазот се карактеризира со многу висока цврстина, адхезија, отпорност и обезбедува исклучителна заштита од корозија.
Состав:
Модифицирани алкидни смоли што се сушат на воздух, антикорозивни пигменти, адитиви и органски растворувачи.
Начин на апликација:
Се нанесува на претходно добро исчистена и одмастена површина со четка, валјак или прскање. Се разредува со разредувач за брзосушечки бои 10 - 15% .